Шестгодишниот син на холивудскиот пар Меган Фокс и Брајан Остин Грин е жртва на вознемирување и исмевање во училиште од останатите деца затоа што понекогаш носи фустани.
Познатата актерка во телевизиското шоу „The Talk“ зборувала на оваа тема посочувајќи дека нејзиниот син во некои работи се разликува од неговите врсници.
– Тој дизајнира и црта модни комбинации, многу е талентиран, а има само шест години. Ја обожува модата, понекогаш и самиот облекува фустани и сака да ги носи. Го запишав во многу либерално училиште, но дури и овде во Калифорнија, има деца кои ги вознемируваат и му префрлаат дека не треба да носи фустани и розева боја – рекла Меган.
На оваа тема пред две години се огласи и нејзиниот сопруг Брајан, кога актерката објави фотографија од тогаш четиригодишниот син во фустан од цртанот „Фроузен“.
– Мојот син има четири години и слушнав дека на некои им смета тоа што носи фустан. Сакам да им порачам дека баш ми е гајле. Има само четири години и ако сака, нека носи – изјави актерот.
Photo: EPA / PAUL ZINKEN