Според пресметките, кои ги направи тимот на емисијата КОД, емитувана вечерва на Телма, платите во СЈО се состојат од три дела. Плата со стаж. Додаток за ризик и доверливост. Надоместок за тајност на преслушаното и бомбите.
Платата на државните функционери, обвинители и судии се пресметува преку коефициент кој се множи со просечна плата утврдена на годишно ниво. Вредноста на коефициентот е една просечна плата односно 26.755 денари бруто вредност, а тоа според македонските закони и правилници е просечна плата од 2014-та.
Пресметките на КОД покажуваат оти Катица Јанева земала 70.000 денари плата и додаток од 34.454 денари, па месечно примањата се околу 105 илјади денари. Тоа се првите два столба.
Од друга страна останатите десет обвинители во СЈО имаат плати исти како обвинителите во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција раководено од Вилма Рускоска, односно 80-85.000 денари.
На овие приходи треба да се додаде уште една состојка, тајниот за јавноста надоместок. Третата ставка која е во висина на платите (Јанева околу 105 илјади денари, останатите обвинители во СЈО помеѓу 80 и 85.000) е тајна и доверлива информација и сега никој не може да ја декласифицира.
Како КОД ги правел предметите погледнете ТУКА.