Презентерка на една албанска телевизија вчера читаше вести во живо кога здрма земјотресот во Албанија, а кој се почувствува и во Македонија.
Водителката остана прибрана додека десетина секунди се тресеше и телевизиското студио.
Инаку најновите информации за билансот од вчерашните потреси кај соседи се дека само во Тирана и Драч се оштетени околу 500 објекти, а повредени се околу 100 лица. За среќа, нема жртви.