Праксата на констатација дека е злоупотреба од страна на пратениците е веќе осуда. Секој кој што има дилема дека во нешто има злоупотреби има соодветна институција која треба тоа да го потврди, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Тој вели дека до него нема индиции дека има злоупотреби на патните трошоци од страна на пратениците.
– Праксата на констатација дека е злоупотреба од страна на пратениците е веќе осуда. Во постапките веќе не се работи за злоупотреба. Ако веќе констатирате дека има злоупотреба не би требало да го имате овој разговор со мене. Секој којшто има дилема дека во нешто има злоупотреби има соодветна институција која треба тоа да го потврди. Има државен завод за ревизија, има антикорупциска комисија има јавно обвинителство, коишто под сомнение некој конкретно со име, не може пратениците сега 120 сме ние, под констатација дека вршиме злоупотреба – вели Џафери.
Целото интервју можете да го погледнете ТУКА.