Во текот на ноќта, од 23 часот синоќа до 5 часот утрово, скопската полиција беше во акција за фаќање и казнување на возачи кои возат под дејство на алкохол.
„Кај 33 возачи утврдено е присуство на алкохол и сите биле исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани. На 27 од нив им биле одземени возачките дозволи. Откриени се и 48 останати прекршоци, при што се издадени 26 прекршочни платни налози и 22 мандатни платни налози“, соопшти СВР Скопје.
Полицијата казнуваше и за брзо возење за што, пак, регистрирани 28 прекршоци за кои издаде и казни.
„Пајакот“, пак, во текот на ноќта подигнал 43 возила.