За претседателот на Колумбија, Мадуро е ист Милошевиќ

142
ФОТО: EPA/Srdjan Suki

Претседателот на Колумбија Иван Дуке го спореди венецуелскиот претседател Николас Мадуро со Слободан Милошевиќ, предупредувајќи го дека би направил „глупава грешка“ ако ја нападне неговата земја.

Дуке ова го изјави пред заминувањето во Њујорк на Генералното собрание на ОН, каде, како што се очекува, ќе го критикува Мадуро како насилен автократ кој не само што е одговорен за хуманитарна катастрофа во земјата, туку претставува и закана за регионалната стабилност поради наводно давање засолниште на колумбиските бунтовници.

– Бруталноста на Николас Мадуро може да се спореди со Слободан Милошевиќ. На тоа мора да му се стави крај – истакна Дуке.

ФОТО: EPA/Srdjan Suki

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...