Малиот Арчи беше крстен пред два месеци, а неговите родители Меган Маркл и принцот Хари го држеа во тајност идентитетот на кумата.
Меѓутоа, специјалистката за кралското семејство, Кети Никол, реши да го открие името. Кумата на најмалиот член на кралското семејство е агентка за односи со јавност чие име е Изабел Меј, пишува Express.
Чувањето на нејзиното име во тајност не е изненадување ако се земе предвид дека Изабел не е јавна личност.
Меган и Изабел се запознале преку заедничкиот пријател Маркус Андерсон, кој ја запознал војвотката и со принцот Хари.
Извори од кралското семејство тврдат дека на Меган и кумата не им требало многу време да станат најдобри пријателки.
– Таа ѝ помогна на Меган да се прилагоди на животот во Лондон кога се пресели од Канада. Ѝ беше голема поддршка – рекол изворот и додал дека двете се однесуваат како нормални млади девојки, се поддржуваат една со друга и поминуваат многу време заедно.