Пендаровски се откажува од привилегиите по истекот на мандатот

448

Претседателот Стево Пендаровски, по истекот на мандатот нема да ги користи привилегиите кои му следуваат по закон. За ТВ24 од неговиот кабинет велат дека Пендаровски ќе се откаже од правото на користење на Кабинет со соработници и од доживотната претседателска пензија.

– По истекот на мандатот претседателот смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде како поранешен претседател би ги извршувал протоколарните активности – велат од Кабинетот на претседателот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...