Властите во Полска планираат евакуација на 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од Втората светска војна во близина на пристаништето Шчечин.
Бомбата „толбој“ (високо момче) тешка 5,5 тони и долга шест метри пронајдена е при изведба на водовод кој води до Шчечин.
Бомбата која имала разорна моќ во домет од 10 километри е најголема бомба од Втората светска војна пронајдена во Полска, јавува АП.
Бомбите „толбој“ британските сили ги користеле од јуни 1944 година за уништување на силни структури и градби.
Областа во околината на Шчечин тогаш била под контрола на Вермахт и била интензивно бомбардирана, додава американската агенција.