Граѓанско Демократската Унија денеска во Битола го промовираше својот
Локален Клуб. На свеченоста, којашто се одржа во хотелот „Премиер“ беше претставено и локалното раководство на партијата. За претседател на Локалниот Клуб на партијата е избран БлагојчеТрајковски, а неговиот тим го сочинуваат потпретседателката МаријаЕвтимовска и секретарот Борче Каревски, информира партијата.
Свои обраќања пред присутните имаа претседателот Локалниот Клуб, Благојче Трајковски, потпретседателот на Граѓанско Демократска Унија, Енсер Јусуфоски и претседателот на партијата Петар Колев.
Основниот акцент во обраќањето на Трајковски беше фактот што Битола треба да го врати својот сјај. Трајковски беше дециден дека партиите на статус квото СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веќе имаат сериозен ривал во Битола во лицето на Граѓанско Демократската Унија.
Во својот говор пред присутните претседателот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев, ги презентираше основните принципи на партијата, и ги повика битолчани, да не им ја даваат својата доверба на партиите кои веќе 28 години владеат со Македонија и ја имаат поставено нашата земја на колена.