Фотографија споделена 34.000 пати: Еве зошто

1108

Австралиската младинска коалиција за јаглен која брои повеќе од 3.000 Фејсбук следбеници, сакала да ги посрамоти тие кои вчера протестираа против климатските промени објавувајќи фотографија од ѓубре за кое тврделе дека демонстрантите го оставиле.

– Погледнете го нередот кој денешните демонстрансти го оставија во преубавиот Хајд Парк. Купишта пластика, ѓубре, толку тажно, гласел нивниот пост. Постот е споделен 34.000 пати и имал  10.000 коментари со осуда за студентите.

Но, изгледа дека фотографијата може да излаже.

Фотографијата е снимена во Хајд Парк во Лондон, по протестот на поддржувачите на марихуана во април годинава.

Ден по ова, Компанијата за трговија со канабис објави слика на својот Фејсбук, објаснувајќи дека нередот кои поддржувачите на марихуана го оставиле, го исчистиле луѓето кои протестирале поради изумирање на птиците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...