Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски, на денешниот натпревар од англискиот Чемпионшип против Дерби каунти, го запиша својот јубилеен 100-ти настап во дресот на Лидс.
– Чест ми е што стигнав до 100 меча за Лидс, се надевам дека ќе одиграм уште најмалку 100 за овој клуб. Лидс ми помогна да напредувам, да играм на повеќе позиции, изјави Алиоски – пред дуелот со Дерби.
Алиоски ги пофали и навивачите на Лидс, за кои рече дека се најдобрите кои ги видел, а како маана на тимот го наведе проблемот да го отворат резултатот.
– Тешко поведуваме против дефанзивни екипи, но ако успееме, потоа лесно даваме и втор, трети гол – додаде популарниот Џани.