Кривична за Јосифовски за хакирањето на Централен регистар

376

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија (НСДП) Љубомир Јосифовски (46)поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според полицијата, Јосифовски од јануари до септември годинава , како управител на деловен субјект од Скопје, кое со Централниот регистар на Р.С.Македонија имало склучено договор за користење на дистрибутивниот систем, недозволено автоматизирано извршувал системски команди кои му овозможувале за исти производи и исти податоци од претходно направените нарачки да прави нови нарачки во позадински систем и од него да добива нови податоци.

Притоа, тој целосно ги заобиколувал контролите за наплата, односно податоците од нарачките ги добивал без надомест, со што го оштетил Централниот регистар на Р.С.Македонија за 33.402.238 денари.

 

0

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...