Со филмот „Манаки – приказна во слики“ завршува „Браќа Манаки“

Филмот „Манаки – приказна во слики“ чиј режисер и кинематографер е Роберт Јанкуловски, ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки и нивното големо творештво.

50

Со доделување на фестивалските награди, врачување на Златна „Камера 300“ за животен опус на кинематограферот Јоргос Арванитис и со проекција на филмот „Манаки – приказна во слики“, вечерва во Битола завршува јубилејното 40. издание на  ИФФК „Браќа Манаки“.

Филмот „Манаки – приказна во слики“ чиј режисер и кинематографер е Роберт Јанкуловски, ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки и нивното големо творештво. Приказната е раскажана преку оригинални документарни фотографии следејќи ја работата на браќата Манаки и тоа е доминантен дел во сценариото за филмот чии потписници се Илинденка Петрушевска и Роберт Јанкуловски.

Филмот е специјална проекција во чест на наградените кинематографери кои вечерва на сцената во Битола ќе добијат златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, награди за кои одлучува меѓународно стручно жири во кое членуваа  Ед Лакман од САД, Калојан Божилов од Бугарија, Доминик Велински од Франција, Ненад Дукиќ од Србија и Фејми Даут од Северна Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...