„Чист град“ го затвора 44. МОТ

Како театар на реалноста, „Чист град“ ги наоѓа и редефинира стереотипите преку погледи и лични искуства на вистински експерти што се однесува до чистотата: жените имигрантки, чистачки на Атина, наведува МОТ во најавата на последната претстава од годинашното издание.

34

Со претставата од Грција „Чист град“, вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе заврши 44. Млад отворен театар на кој годинава беа изведени 16 претстави.

„Зошто мнозинството што ја чисти Атина се жени или имигранти? Дали се тие ‘родени’ чистачи и колку нивните биографии се  разликуваат од вашите?“ – е темата што ја отвора претставата во која режисерите Анестис Азас и Продромос Циникорис го истражуваат расизмот на „чистотата“ и „наивноста“, опасноста од фашизмот, женската имиграција во Грција и идентитетот на „чистачката“.

– Како театар на реалноста, „Чист град“ ги наоѓа и редефинира стереотипите преку погледи и лични искуства на вистински експерти што се однесува до чистотата: жените имигрантки, чистачки на Атина, наведува МОТ во најавата на последната претстава од годинашното издание.

Покрај оваа, гостински претстави на 44. МОТ имаше и од Словенија, Хрватска, Италија, Романија и Португалија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...