Над 100 излагачи од земјава и од регионот ќе учествуваат на Меѓународниот саем на органска и традиционална храна „Органска трпеза“ што ќе се одржи денеска во Куманово.
Организаторите очекуваат 2.000 гости и најавуваат присуство на претставници од локалната самоуправа, државните институции и амбасадите.
На саемот ќе се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат органски производи приготвени од
Марк де Јонг, да учествуваат на некоја од панел-дискусиите, но и на предавањата што ќе ги одржат нутриционистите Цвета Динева и Сашко Дрвошански.