Ослободителна пресуда за ексградоначалникот на Битола Владимир Талески

1861

Ослободителна пресуда за кривичното дело Несовесно работење во службата му изрече Основниот суд Битола на поранешниот градоначалник Владимир Талески, потврдија од судот за Апла.мк.

Овој судски процес се водеше по обвинение од Основното јавно обвинителство против Талески дека дури бил градоначалник не водел грижа за зградата на Офицерскиот дом во Битола и лустерот во него, не го обезбедил објектот и не презел сѐ што било потребно за негова заштита, па нанел штета на Општина Битола. Судот за овој процес уште на 14 февруари годинава донел ослободителна пресуда, но од таму посочуваат дека е првостепена и неправосилна.

За другиот судски процес што против Талески се водеше исто така во Основниот суд Битола за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување изречена му е условна казна со утврдена казна затвор од една година и рок на проверка од три години. Пресудата била донесена во јули година и не е правосилна.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...