Сестрата на починатиот Сала е лута од споделените фотографии со телото на фудбалерот

319
ФОТО: EPA / EDDY LEMAISTRE

Ромина Сала, сестрата на фудбалерот Емилијано Сала, е многу лута поради тоа што некој објави фотографии на Инстаргам од телото на нејзиниот брат.

Сала го загуби животот во авионска несреќа при транспорт од Нант во Кардиф Сити.

– Видов фотографии од телото на Емилијано, закачени на Инстаграм, и не можев да верувам дека има такви зли луѓе што можеле да го сторат тоа. Се обидов да спречам тие фотографии да бидат споделени на другите социјалните мрежи. Мајка ми се обиде да не ги види овие ужасни слики – изјави Ромина.

Таа додаде дека е многу вознемирена што луѓето почнаа да се шегуваат за ова.

– Никогаш нема да ги избришам сликите од мојата меморија. Другиот мој брат и мајка ми исто така не можат да заборават на тоа. Да се ​​живее со оваа слика пред очите е многу тешко, -потенцира сестрата на трагично загинатиот Емилијано Сала.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...