Ахмети: Владеењето на правото, наш приоритет

105

Прашањата поврзани со тековните реформи, тековните политички случувања, успехот во владеењето на правото, добивањето датум за преговори и случувањата во регионот беа дел од темите на кои разговарале претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и францускиот амбасадор во нашата земја, Кристијан Тимоние.

Лидерот на ДУИ го уверил амбасадорот дека ќе ги продолжи своите напори за исполнување на барањата и критериумите, кои ќе го отворат патот на Северна Македонија кон европската интеграција.

Двете страни, како што соопштуваат од  ДУИ, се согласиле дека билатералните состаноци помагаат и придонесуваат за зајакнување на билатералните врски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...