Ден без автомобили за одбележување на Европската недела на мобилност

Тој истакна дека во текот на овие две години се изградени 25 километри нови велосипедски патеки и апелираше граѓаните да не ги употребуваат своите автомобили, туку јавниот превоз.

93

Со велосипедско дефиле што почна од паркот „Ибни Пајко“, денеска во Скопје беше заокружена Европската недела на мобилност, што се одбележува од 16 до 22 септември.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов апелираше повеќе да се користи алтернативниот начин на превоз, бидејќи има повеќе предности.

– Така го решаваме сообраќајниот метеж, бидејќи кога сме во автомобил всушност ние сме метежот. Се намалува употребата за паркирање на возила и се намалува аерозагаденоста. Ако се има предвид дека просечните релации кои скопјани за да завршат работа минуваат меѓу два и 3,5 километри, тогаш алтернативната употреба на велосипед, електричен мопед, пешачењето се сосема соодветен начин за движење на луѓето низ урбаната средина – рече Шилегов.

Тој истакна дека во текот на овие две години се изградени 25 километри нови велосипедски патеки и апелираше граѓаните да не ги употребуваат своите автомобили, туку јавниот превоз.

– Пораките што ги праќаме до сите државни институции е раководните лица во тие институции или сопствениците на приватните субјекти да им овозможат места за паркирање на велосипеди на своите вработени, така ќе ја помогнаат оваа акција и ќе дадат придонес во борбата против загаедниот воздух – истакна Шилегов.

В.Д. шефот на делегацијата на ЕУ, Џулијан Васало изјави дека Европската недела на мобилноста денеска ја слават три илјади градови, додавајќи дека и многу деца се вклучиле на оваа активност, која има за цел да ја подигне свеста за здравјето и да го подобри здравиот начин на живеење во градот.

Државниот секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска рече дека важно е оваа мобилност да оди во насока на што е можно повеќе користење на јавниот транспорт, алтернативните модели се со цел да има помали емисии на загадувачки материи и да не се придонесува значајно на климатските промени.

Учесниците во денешното дефиле имаа можност да учествуваат и во лотарија и да добијат велосипеди.

.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...