Власта е повторно фатена во криминал до гуша. Рекетот, корупцијата и притисоците се одлика на владеењето на Зоран Заев. По „Рекет 1“, пред очите на јавноста експлодира аферата „Рекет 2“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Филипче, Дончев, престанете со притисоците, поднесете си оставки и овозможете истрагата да заврши професионално. Сторете го тоа уште веднаш и покажете дека не сте како Зоран Заев и дека борбата против криминалот и корупцијата не е само празен збор на хартија. Октоподот на власт рекетира компании и лица со вклученост на сиот правен, јавнообвинителски и финансиски систем. Рекетот 1-скандалот кој што сите го видоа и го слушнаа, ниту е единствен, ниту е прв – рече Стоилковски.
Тој додаде дека е поднесена кривична пријава од сопственик на приватна компанија против директорот на ФЗОМ, Дончев и министерот за здравство, Венко Филипче, во која што пријава се наведува дека двајцата уценувале за да се стекнат со имотна корист од купопродажниот договорна компанијата- „Рекет2“. Во пријавата стои дека со тоа бил запознаен и Зоран Заев.Се работи за големи компании, а во разговорите бил вклучен лично и амбасадорот на Шведска.
– Дончев е збунет. Ни тој не може да се оправда зошто се мешал во односите на приватни компании.Денеска соопшти дека го предупредил странскиот инвеститор во јануари 2018 година иако немало никаква правна основа за тоа. Всушност истрагата е започната дури 10 месеци потоа, за од ноември 2018 до сега се уште нема ништо од неа. На денешната прес конференција на Ден Дончев, директорот на ФЗОМ, не одговори јасно дали се знаел и дали имал контакти со Зоран Милески Кичеец.Тоа е истиот тој којшто ги носеше парите, рекетот од случајот „Рекет 1“ – рече Стоилковски.
Тој децидно не негираше дека вршел притисок врз приватната компанија со уцена преку спречување на нејзина продажба на странски инвеститори.