Руски доктор открива зошто тие се здрави како дрен: Бебињата ги капат на 18 степени, ако ги фати грип одат боси во ладна вода

Ладната вода и ладниот туш имаат долга традиција во многу култури, а особено во Русија, и тоа со добра причина - даваат многубројни здравствени бенефиции.

1389

Познатиот руски специјалист за кинезитерапија, проф. д-р Сергеј Бубновскиј препорачува едноставен метод за зајакнување на имунолошкиот систем – тапкање со стапалата во ладна вода.

Ладната вода и ладниот туш имаат долга традиција во многу култури, а особено во Русија, и тоа со добра причина – даваат многубројни здравствени бенефиции.

„Секоја вечер кога ќе се вратите дома по напорен ден, сипете во кадата 15 сантиметри многу ладна, ледена вода. Никако не додавајте топла вода. Потоа влезете боси во кадата и тапкајте со стапалата во ледената вода само 15 секунди и обидете се за тоа време да направите 48 брзи, кратки чекори. Потоа излезете од кадата и избришете ги стапалата со фротирска крпа па облечете волнени чорапи. Правете го тоа секоја вечер и така ќе го зајакнете вашиот имунитет. Ако имате грип, тапкајте со боси нозе по ледената вода на секои четири часа“, советува доктор Бубновскиј.

Настинката ја лекуваат со ладна вода

Дека ладната вода има бројни здравствени предности и дека Русите често ги користат нејзините благодати потврдила и д-р Наталиа Гушло Петриќ, анестезиолог и холистички терапевт, која пораснала во Русија.

„Во времето на Советскиот Сојуз државна задача беше дека советските деца мора да бидат најздрави на свет. Затоа тогаш се појавија многу училишта кои ги разработуваа методите кои би помогнале да се оствари таа задача. Мојата мајка, која заврши медицина пред 60 години, педијатрија ѝ предавал познатиот професор Тур: Тој ја застапувал тезата дека детето уште од раѓање треба да се челичи. Дека никогаш не треба да се загрева собата во која детето спие и во која се капе. Па така мене мајка ми ме капеше во соба во која температурата никогаш не преминуваше повеќе од 18 степени. Од третата година од животот одев на базен иако надвор беше минус 30 степени. Не ми пречеше ветрот ниту ладното време“, раскажала докторката Гушло Петриќ.

Кажете му „да“ на ладниот туш наутро

Ладниот туш не е само активност за ексцентричните руски авантуристи, покажуваат модерните судии кои нагласуваат дека предностите на туширањето со ладна вода е добро за организмот. Една холандска студија покажала дека луѓето кои наутро се капат со ладна вода помалку се разболуваат и дека поретко отсуствуваат од работа. Тие имаат повеќе енергија во однос на оние кои се тушираат со топла вода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...