Цветанка Иванова: Ги осудувам политичките манипулации и игри на Антонио Милошоски

421

Генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, го отфрла како неточен и целосно неоснован обидот на пратеникот Антонио Милошоски да ја обвини за политички интервенции во работата на Собранието, се вели во денешната реакција од кабинетот на Иванова, по завршување на прес конференијата на Антонио Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ.   

„Со политички манипулации, несоодветни алузии и без никакви докази, пратеникот Антонио Милошоски на денешната прес-конференција го стави името на г-ѓа Иванова во политички контекст кој не е и не може да се доведе во никаква корелација согласно позицијата што ја врши во Собранието на Република Северна Македонија“, се вели во реакцијата.

Согласно Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, вели кабинетот на Иванова, генералниот секретар на Собранието ги извршува работите што ќе му ги довери претседателот на Собранието, му помага во подготовките и организирањето на седниците на Собранието и врши други работи утврдени со Деловникот.

„Генералниот секретар ја организира и усогласува работата на Службата на Собранието и донесува правилници, упатства и други акти за работа на Службата. Од тие причини, г-ѓа Иванова ги осудува сите обиди за какви било политички игри кои ја вклучуваат неа и собраниските служби“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...