Новиот закон за работни односи што го подготвува Министерството за труд и социјална политика ќе го содржи и ветувањето на СДСМ дадено пред парламентарните избори дека ќе го намали работното време за повозрасните работници без притоа да имаат намалување на платата.
Порталот Локално објави дека е планирано оти жените работнички со навршени 60 години старост ќе работат 6 часа, а ја задржуваат целата плата до пензија, а мажите работници со навршени 62 години старост, исто така, ќе работат 6 часа и до пензионирањето ја задржуваат целата плата.
Ќе биде воведе и можност државата да субвенционира ангажман на млади кадри кои ќе ги заменуваат повозрасните работници во преостанатите 2 часа.