Куќната помошничка го ограби па го обвини Тарик Филиповиќ за сексуално насилство

Неговата поранешна куќна помошничка Аница Јуриљ, која Тарик ја тужи бидејќи му го украла семејното злато, што и самата го признала, деновиве го сменила исказот.

1101

Беспрекорниот имиџ на талентиран актер, водител, верен сопруг и пријател, кој  хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ (47) го гради со години, деновиве ја доведе во прашање неговата куќна помошничка.

Имено, неговата поранешна куќна помошничка Аница Јуриљ, која Тарик ја тужи бидејќи му го украла семејното злато, што и самата го признала, деновиве го сменила исказот и познатиот актер и водител го обвинила дека сексуално ја напаствувал. Таа тврди дека спорното злато во нејзината чанта се нашло како „изговор“ на Тарик, откако тој, наводно, ја нападнал на 11 март 2013 година, додека таа ја средувала во неговиот дом чистата долна облека.

„Жената кај нас дојде по препорака, работеше неколку години и морам да признаам дека беше вредна. Кон неа се однесувавме со целосна почит и доверба, таа дури ги имаше и клучевите од нашиот стан. И кога сфативме дека исчезна голема количина злато, емотивни спомени како дукатот што го добив за моето раѓање, златото што нашите деца го добиваа за разни пригоди, како и венчалните прстени, ја соочивме со тој факт“, рекол Филиповиќ за хрватскиот весник „Глорија“.

Тарик наведува дека таа признала, плачела, се извинувала и потпишала признание со договор во наредната година да се обиде да врати барем дел од украденото.

„Но, бидејќи таа воопшто не се јави во текот на годината, решивме да ја тужиме. На суд  како одбрана ја измисли таа приказна дека сум ја напаствувал и во нејзината чанта сум го ставил златото. Мислам дека тоа не треба да се коментира. А како спорен датум го наведе мојот роденден 11 март, токму кога се вратив дома од болница, каде што завршив по несреќата во која ме удри автомобил и едвај одев со помош на патерици. Тоа беше нејзиниот последен ден кај нас, бидејќи тогаш забележавме и дека од чантата на мојата тешта исчезнале 100 канадски долари“, рече Тарик и додал дека куќната помошничка дошла во нивниот дом преку пријатели и познаници, а откако сè излегло во јавноста, им се јавиле уште пет семејство кои, исто така, таа ги ограбаила, но откако ѝ се заканиле со полиција, таа им вратила поголем дел од парите.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...