Во минатонеделниот пожар на грчкиот остров Закинтос изгореле 747 хектари земјиште, соопшти Центарот за сателитско следење на природни катастрофи „BEYOND“ на грчката национална опсерваторија, jави дописничката на МИА од Атина.
Според објавениот извештај, во пожарот изгореле 580 хектари (78 отсто од уништеното земјиште) грмушки и трева, 89 хектари (12 проценти) маслинови дрвја и 61 хектар (осум отсто) зимзелена шума.
Дел од островот Закинтос беше зафатен од пожар и во 2012 година.