ВМРО – ДПМНЕ: СЈО за четири години испумпа 12 милиони евра

183

СЈО за четири години испумпа 12 милиони евра пари на граѓаните кои се потрошија за плати и хонорари за обвинителите рекетари и нивните роднини вработени како административен персонал, реагира опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

„СЈО ги трошеше парите на граѓаните, а работеше за Зоран Заев. Заев најавуваше хајка, а СЈО веднаш отпочнуваше монтирана истрага. На обвинителите на СЈО им беа овозможени сите услови и комоција за работа, истите злоупотребија се и беа маша за рекетирање. Во медиумите излегоа информации дека Катица Јанева 4 години земала месечна плата од бруто 120 илјади денари, а по основ на бонуси земала 250 илјади денари или вкупно 330 илјади денари месечно од буџетот биле одвојувани за Катица Јанева која на крајот заврши во затвор поради рекетирањето.

Многу дадени пари од граѓаните, а ефект никаков. СЈО беше само маша во рацете на Зоран Заев за спроведување на хајки и криминал.Одговорност за целото незаконско работење ќе има“, вели опозициската партија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...