Се развеле три часа по свадбата поради „националистичка“ песна

1446

Свадба во градот Никшиќ, Црна Гора, заврши неславно, поради тоа што тештата неколкупати нарачала иста песна.

Според српски „Телеграф“, договорот бил – забавата да мине без „националистички“ песни. Но, откако два-трипати ја слушнал српската народна „Српкиња је мене мајка родила“ (Мајка ме родила Србинка), свекорот ги предупредил присутните дека „доста е од овие песни оти ова е Црна Гора!“

Настанала мешаница меѓу роднините, сватовите и пријателите, а сѐ тоа кулминирало кога братот на невестата ја фатил сестра си за рака и ја извел надвор од прославата.

Караницата продолжила, па свекорот ги искинал и каблите на бендот што свирел на свадбената прослава.

Несудената невеста, пак, отишла во блискиот манастир Свети Василије Острошки, за да го оплакува својот пропаднат брак.

Како што пишува „Телеграф“, три часа откако младенците си кажале „да“, се случил и разводот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...