Димовски: Знаеме и кој министер од СДСМ бил задолжен за пренесување на списокот до Катица Јанева

5361

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во дебата со колегата од СДСМ Мухамед Зеќири на 24 анализа, ја обвинини власта дека не решила ниту еден случај од судските процеси. Тојсмета дека власта направила театар од судењата и ниту едно не е разрешено и дека си играат со емоциите на граѓаните.

– Никој не бара амнестија, случајите што се почнати во законски предвидениот рок треба да се продолжат, оние кои се почнати по тој рок може да се користат како индиции. Имаме чист однос кон таа работа – изјави Димовски.

Тој потенцираше дека СДСМ преку СЈО си игра кадрова комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сите што им сметаат, или што им сметале и што мислат дека треба да бидат уценети и што сакаат да им се одмаздат си ги ставале во одредени предмети. Знаеме ние и кој министер од СДСМ бил задолжен за пренесување на списокот до Катица Јанева на тие лица – изјави Димовски.

Тој побара од Зекири заедно да пратат писмо по закон за слободен пристап до информации од јавен карактер да побараат комплетен список за вработени во СЈО и финансиски сретства кои ги добиваат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...