Помпео: САД создаваат коалиција, сакаат мирно решение

117
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека Соединетите Американски Држави формираат коалиција за да го одвратат Иран по нападот на саудиските нафтени објекти, но сакаат мирно решение.

– И натаму настојуваме да создадеме коалиција како акт на дипломатијата, додека иранскиот министер за надворешни работи се заканува со војна и борба до последниот Американец – изјави Помпео по состанокот со престолонаследникот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Зајед.

Тој додаде дека САД имаат цел да направат коалиција за постигнување мир.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...