И Марсовец да дојде на чело на ваквото обвинителство – ништо не прави!

Денес за промашувањето на СЈО не може да зборуваат истите што беа хонорарни советници во него. За реформи во судството не можат да „пенат“ адвокатите што наутро ги критикуваат, а навечер со истите судии ашикуваат.

1786

Откако „Нема правда, нема мир“ од правец на дејствување остана само спомен на една борба за системска нормалност, започна падот на „моралната вертикала“ на СДСМ. Преземањето на полугите на системската корупција ја разобличи нивната партиска политика и реторика како обична алтернативна патека за семејно-партиско ухлебување во системот.

За жал, со тоа се разорија единствените врзивни точки меѓу македонските граѓани од сите припадности – барањето функционална правда и економско-социјален напредок. За мене и истомислениците во 2016 очекувано, за мнозинството добронамерни – неверувано.

Сега многумина сфатија и зошто тогаш останав осамен во барањето реизбор и на судиите и во целокупното правосудство. Денес е јасно – не странец, туку и Марсовец да дојде на чело на ваквото обвинителство, спрегите по вертикала и лавиринтите по хоризонтала ќе го застарат криминалот на секој што украл милиони и ги знае вистинските системски линкови и партиски ликови. Со вакво судство за „сто ќебапи“ одиш во затвор, а за злоупотреба на службена позиција во домашен притвор или во странство. Потребен е целосен ресет, по отстранување на непотребниот хардвер.

Затоа денес за промашувањето на СЈО не може да зборуваат истите што беа хонорарни советници во него. За реформи во судството не можат да „пенат“ адвокатите што наутро ги критикуваат, а навечер со истите судии ашикуваат. Реформи и ветинг не може да спроведуваат партиски комисии и компромитирани политичари, туку оние што Прибе ги дефинира како „независни“: некорумпирани од системот на пред и пост-транзицискатса партиско-семејна каста распоредена со генерации по (правни) факултети, (приватни) универзитети, државни, правосудни и финансиски институции, МАНУ, медиуми, „невладини“. Која последно од СЈО си направи партиско-семеен гранап.

Тоа е причината што денес традиционалните СДСМ подизведувачи – медиа нарикачи за слободите, правата и правдата за време на секоја власт што нема корени од „Бихаќка“ – се така жестоко игнорирани: прочитани се и неупотребливи.

Преземено од: Pressingtv

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...