ЈСП: Граѓаните да ги заменат истечените персонализирани картички за превоз

Обнова или замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар (во автобусот), во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром до ТЦ Капитол од 6 до 19 .30 часот. Замената на картичките е на трошок на сопственикот на картичката.

572

Граѓаните, корисници на јавен превоз, сопственици на персонализирана електронска картичка „Скопска“ на која и е истечен рокот на важност, кој изнесува четири години од издавањето, треба да ја заменат како би можеле да го користат превозот, информираат од ЈСП.

Обнова или замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар (во автобусот), во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром до ТЦ Капитол од 6 до 19 .30 часот. Замената на картичките е на трошок на сопственикот на картичката.

Во случај картичката да е истечена, а на неа да има неискористени средства, тие системски ќе бидат префрлени на новата картичка.

Заинтересираните, статусот на картичката можат да го проверат во центар за персонализација.

!

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...