Утрово изгаснат е шумскиот пожар кај кочанско

37
Рано изутрината е локализиран големиот шумски пожар што вчера попладне избувна во близина на кочанското село Пантелеј

Според командирот на Територијалната противпожарна единица од Кочани, Благојчо Паунов огнот целосно е изгаснат кај селата Пантелеј и Нивичани, а пожарникарите превенираат проширување кон Ловиштето „Полаки“.

– Со досегашните интервенции, а и според временските услови, не очекуваме натамошно ширење на пожарот. Сепак, направена е значителна штета, а причините за избувнувањето на огнот допрва ќе се испитуваат – истакна Паунов.

Во гасењето на пожарот екипите на ТППЕ – Кочани и на Шумското стопанство „Осогово“ добија поддршка од колегите од Виница и од месното население, со што веднаш беше спречено ширењето на огнената стихија кон селото Пантелеј.

Во пожарот изгореа над 50 хектари даб, габер и нистостеблеста шума, на тешко пристапен терен. До доцните часови во координирањето и интервенцијата беа вклучени и службите од локалната самоуправа и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...