Американската порно-ѕвезда Џесика Џејмс почина на 43-годишна возраст. Ѕвездата на филмовите за возрасни и модел на „Hustler“ ја пронашол нејзиниот поранешен сопруг во нејзиниот дом во Лос Анџелес, пишува порталот ТМЗ. Тој отишол да провери како е, откако таа со денови не му одговарал на позивите, и ја нашол во безвесна состојба.
Џесика била без свест, а кога пристигнала Брзата помош на лице место ја прогласиле актерката за мртва.
Извор од полицијата за американските медиуми, вели дека причината за смртта засега не е позната, но истрагата е сè уште во тек. Полицијата, исто така, во нејзиниот дом пронашла бројни антидепресиви кои актерката ги користела поради психичките проблеми.
Со вистинското име Џесика Рединг, во порно-индустријата влегла во 2002 година. Како уметничко име го избрала своето вистинско име и името на нејзиниот тогашен љубовник Џејмс. Тогаш имала 26 години, а на пазарот се пробила на 28 години кога потпишала договор со една од најголемите порнографски мрежи „Hustler“. Во 2005 година ја добила наградата на магазинот „Hustler“ – „Honey of the Year“.
Џесика во својата кариера глумела во повеќе од 200 филмови за возрасни, а имала и своја интернет страница со ексклузивна содржина. Се појавила и во шоуто на Хауард Стерн.
Учела на воениот институт Њу Мексико во Росвел, пред да запише и заврши факултет. Три години била учителка од четврто до шесто одделение, пред да стане актерка во филмовите за возрасни.
FOTO: Instagram/Printskrin