Кузнај колку е тешко да мора да маваш лајк на статус кај шо се вели, на пример, дека во Битола е поставена решетка.
Кузнај колку е тешко да мора да напишиш БРАВО на нечиј статус, а знајш дека полoјна град си игра мајтап со напишаното.
Кузнај колку е тешко да мора да глорифицираш нешто шо врска нема со реалноста.
Всушност, мислам дека ова им паѓа тешко на оние кои имале барем малку идеал во нив. А на другите?!
Е, тие другите се посебна приказна. Некни имаше во Битола ракомет, лига на шампиони, супер настан. Ама голема е иронијата шо на настанот, тие шо читаа бомби за Циле и велеа дека е криминалец, насмеани, дотерани, седнати, се поттурнуваја ми се чини да бидат шо поблиску до него на трибина да ги сликат. Изгледа сакат да бидат Циле, ама ко ќе пораснат.
И така, наместо „да се бориме против криминал“, во моментов оние кои држеа табли „стоп за партиски вработувања“, се борат за шо поголемо ширење на омраза и лажни вести кон сите кои бараат ЖИВОТ во Битола.
И како шлаг на сè, се јавува познатата Трајанка која сигурно и успешно преминува во Баба Рада од Битола. Со буџет на градо од над 30 миљони евра, успеа да го направи популарен само по црево, сливник, боливач и тикви.А, битолчани?
Моментално имаме прилика да уживаме само во ТИКВАРНИКОТ НА ТРАЈАНКА.