Се враќа на сцена најатрактивниот женски бенд, Никол стави милиони во џеб ФОТО

По десет години од распаѓањето, Никол Шерцингер потпиша милионски договор, откако подолго време одбиваше да и се приклучи на групата.

925

Повторно се соединува најсексапилниот женски бенд, „The Pussycat Dolls“. По десет години од распаѓањето, Никол Шерцингер потпишала милионски договор, откако подолго време одбивала да ѝ се приклучи на групата.

„Никол заработи неколку милиони фунти за да и се приклучи на групата. Таа однапред добила многу пари, што значи дека е невозможно сега да се откаже“, изјави извор за магазинот „Сан“.

Никол Шерцингер, Мелоди Торнтон, Кимберли Вајат, Ешли Робертс, Кармит Бачар и Џесика Сатом треба да тргнат на голема светска турнеја, а девојките ќе го потврдат тоа и официјално ќе го објават во следните неколку месеци.

Турнејата ќе биде огромна, а девојките ќе ги изведуваат своите најголеми хитови, додека има и гласини дека може да снимаат нови песни.

Image result for pussycat dolls

Image result for pussycat dolls

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...