„Плачеше како бебе“, момче со даунов синдром оставено голо на дожд во Англија, суспендирани тројца наставници

1370
ФОТО: Ливерпул ехо / Метро

Тројца наставници беа суспендирани откако момче со даунов синдром беше оставено надвор на студено време, пренесува „Метро“.

Единаесетгодишното момче било најдено голо надвор од училиштето во Мерсисајд на 30 октомври минатата година.

– Кога дознав, плачев. Влегов во училиштето и речиси ќе ја превртев училницата. Мојот партнер мораше да ги повика социјалните работници и јас бев исфрлена од зградата. Тој си дојде од училиште таа ноќ и ние немавме поим што се случило. Ги праќаш на училиште за да бидат заштитени – рече неговата мајка, Сузан Кол, која не знаела за тоа што се случило додека не презборел сведок.

Главниот наставник Ентони Робертс, неговата заменичка Сесилија Максвел и неговата асистентка Хелен Клементс биле суспендирани откако е започната истрага.

– Настанот се гледа на камерите. Како што рекоа сведоци, тој се свиткал како топка и плачел како бебе – вели партнерот на Сузан, Алекс Керни.

Момчето било оставено во училница само. Откако тоа почнало да си игра со вода и си ги соблекло алиштата, почнало да се прска со вода. Наводно, потоа било однесено во друга училница каде Максвел побарала од колегите да го однесат надвор само со крпа на неговите рамена. По осум минути, на момчето му биле дадени панталони, но според камерите, тоа било оставено уште 22 минути само.

Училиштето покрена истрага за настанот и родителите се информирани дека тројцата наставници „не се во училиште моментално“.

ФОТО: Ливерпул ехо / Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...