На сите мечеви од 1. коло во Лигата на шампионите кои се играа синоќа во вториот термин, паднаа три или повеќе голови, а најинтересно беше во Мадрид, каде што Атлетико во 91. минута се спаси од пораз против Јувентус.
Јуве водеше со 2:0, но од Мадрид се враќа само со еден бод. Динамо Загреб ја растури Аталанта, а македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го одигра целиот натпревар. Убедлив беше и ПСЖ против Реал. За „кралевите“ заврши серијата од 12 сезони по ред во кои во ЛШ стартуваа со победа.
РЕЗУЛТАТИ:
Бриж – Галатасарај 0:0
Олимпијакос – Тотенхем 2:2
Атлетико Мадрид – Јувентус 2:2
Баер Леверкузен – Локомотив Москва 1:2
Баерн – Црвена ѕвезда 3:0
Динамо Загреб – Аталанта 4:0
ПСЖ – Реал Мадрид 3:0
Шахтар – Манчестер сити 0:3.
ФОТО: EPA / EMILIO NARANJO