Пратеникот Мухамед Зеќири вели дека на 27 април граѓаните го извикувале неговото име и го барале, викале каде е Мухамед Зеќири, каде е Мухи.
Зеќири бил сокриен во втората кабина од галеријата во прес салата со четири пратенички. Ставиле стол на врата за да не може да ја отворат.
-Среќа што не успеаjа да ја отворат вратата. Пратеничката Фросина Ременски беше во првата кабина и им посочуваше дека во втората нема никој – рече Зекири.
Тој пред судот раскажа што видел, како Села бил извлечен од групата пратеници, а потоа што се случило не видел, бидејќи тој дел од салата не му бил во видикот.