Ексминистерка од Хрватска е нов генерален секретар на Советот на Европа

573

Поранешната хрватска министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, официјално ја презеде функцијата генерален секретар на Советот на Европа.

Таа е втора жена и прв политичар од централна и источна Европа на оваа позиција. Во крајното гласање, таа го победи Белгиецот Диди Рејндерс.

Поранешната шефица на хрватската дипломатија положи заклетва во седиштето на СЕ во Стразбур.

Пејчиновиќ Буриќ дојде на местото на Норвежанецот Торбјорн Јагланд.

Фото: EPA/JULIEN WARNAND

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...