Маж се заканува дека ќе го разнесе мостот во Киев ВИДЕО

200

Едно лице се заканува дека ќе го разнесе мостот во Киев, каде што се наоѓа метро станицата.

– Тој почна да пука – изјави началникот на киевската полиција, Андреј Кришченко.

На местото на настанот се спроведува специјална операција.

Полицијата овој случај го квалификува како подготовка за терористички напад.

– Непознат маж пука и се заканува со експлозија. Водиме специјална полициска акција. Сега таму се наоѓаат претставници на сите служби. Стопирано е движењето на автомобили и возови на мостот – се наведува во изјавата на началникот.

Напаѓачот се заканува дека ќе разнесе и државни институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...