Само нов закон Иванов и Црвенковски може да ги исели од закупените канцеларии

483

Владата нема да ги раскине договорите за закуп на канцелариите на поранешните претседатели Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски, како што вчера побара Антикорупциска комисија, изјави  владиниот портпарол Муамет Хоџа.

Според него, додека не се измени законот  за правата и привилегиите на претседателитетие ќе постапуваат согласно постојните закони.

– Владата делува во согласност со позитивните законски одредби. Ако има промени во однос на привилегиите на поранешните функционери, Владата ќе ги почитува и ќе дејствува според нив. Додека се на сила овие ингеренции и привилегии за поранешните функционери, односно додека е на сила истиот закон, така и ќе се применува“, изјави Хоџа.

Антикорупциската комисија вчера побара раскинување на договорите за закуп на канцеларии на поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски, откако утврдиле дека, како што соопштија, канцелариите на Иванов биле избрани во нетранспарентна постапка“. На дописот од Антикорупциска, Иванов реагираше со демант.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...