Драстична промена на имиџот: Кендал Џенер воодушеви со новиот изглед ФОТО

Со појавата на ревијата ги изненади сите присутни кога се појави со драстично променета боја на косата.

1674

Откако 23 години била бринета, Кендал Џенер, решила да стане русокоса.

Една од најпознатите манекенки во моментот и ѕвездата од реални шоуа решила да си поигра со својот имиџ и да се појави во потполно ново светло.

Таа долго време ѝ била верна на својата кафеава коса, но за потребите за претставувањето на новата колекција на „Барбери“, била подготвена за првпат во животот драстично да го промени имиџот.

Во модната индустрија, од манекенките и моделите често се бара да го менуваат изгледот за потребите за снимање модни кампањи или модни ревии, а се чини дека Кендал не се двоумела долго кога истото го побарале и од неа.

Како ви се допаѓа оваа трансформација?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...