По делницата Демир Капија-Смоквица ќе се вози од мај

Претходно беше соопштено дека овој дел од автопатот ќе биде пуштен во употреба на крајот на март.

702

На крајот на април официјално ќе биде пуштена во употреба на автопатската делница Демир Капија-Смоквица, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Претходно беше соопштено дека овој дел од автопатот ќе биде пуштен во употреба на крајот на март.

– Станува збор за некои технички работи и документација за да се добие технички прием и планираме оваа делница да ја пуштиме во употреба до крајот на месецов – велат од Министерството за транспорт и врски.

Последните информации се дека се отстранети сите пречки кои беа клучни за овој проект, односно изграден е контролен центар во Неготино, а беше преместен и далноводот.

Лани, Владата потпиша анекс на договорот за изградба на оваа делница долга 28 километри со што рокот на изградба се пролонгираше до 28 февруари годинава за да може да се овозможи изградбата на контролниот центар и да се дислоцира далекуводот на автопатот, кои беа посочени како клучни пречки за завршување на автопатот

Овој дел од автопатот, според планот, требаше да биде завршен до 1 ноември 2017 година.

Инвестицијата во автопатот изнесува 218 милиони евра. Изградбата почна во септември 2012 година.

Со оваа делница се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...