Пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно побара во Собранието да се формира Анкетна комисија за работата на СЈО.
– Една од главните причини за формирањето на оваа анкетна комисија се партиските вработувања и непотизмот кои што беа голема дамка на СЈО од неговото основање па сѐ до денес – рече таа и прочита листа на лица кои како што рече се вработени по роднинска или партиска врска.
Како класични примери за партизација и непотизам во редовите на СЈО можеме да ги истакнеме:
- Ефтимија и Љупчо Чучурски, први братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски.
- Андријана Ристоска, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристоска.
- Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова си го вработила своето кумашинче, кое случајно е и син на Игор Милев, близок соработник на Зоран Заев и член на ДИК по предлог од СДСМ од Радовиш.
- Елена Јосифовска, чија мајка Елизабета Јосифовска беше обвинител во СЈО.
- Владимир Миладиновски, внук на истата обвинителката Елизабета Јосифовска.
- Петре Бошков вработен во СЈО како зет за прва братучетка на министерката Рената Десковска.
- Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник.
- Вработена во СЈО е и девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева.
- Вработен беше и синот на врховната судијка Лидија Неделкова, Давид Неделков.
- Берниса Рахиќ, ќерка на директорот на затворот „Шутка“ Есад Рахиќ.
- Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, Марија Василевска.
- Синот на обвинителката Мира Ангелеска од Кичево, Стојан Ангелески.
- Ќерката на членот на Советот на јавни обвинители Коле Штериов, Теа Штериова.
- Близок роднина на Ахмед Рушити, судија во Апелација од Гостивар, Вулнет Рушити.
- На платниот список на СЈО е и Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ и ќерка на поранешен претседател на судот во Штип, Миланчо Рамбабов.
- Синот на судијата Лазар Ризов од Неготино.
- Во низата семејни вработувања е ќерката на Борис Тунџев директор на Катастар, Катерина Тунџева.
- Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.
- Катица Јанева призна исто така дека го вработила членот на СДСМ Борче Боки Трајковски, лице осудено за измама кое издржало една година затвор.
- Ѓорѓи Камчев, кој активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција.
- Пане Нацев од Неготино кој учествуваше во насилното демолирање и нагрдување на државни и културни објекти е дел од вработениите во СЈО.
- Ангажманот на Мирослав Грчев кој од СЈО е ангажиран да изготви вештачење за случајот Космос.
- Катица Јанева во СЈО си го вработила и шоферот од Основниот cyд во Гевгелија како личен шофер, а неговото име е Вили Јанев, случајно или не.
- Душко Димитреиески како возач во СЈО, сопруг на обвинителката Душица Димитриевска од ОЈО Гостивар чии зет за ќерка е Трајче Нешкоски, поранешен генерален секретар на СДММ“, наведе Затуроска.