Еден од најпопуларните речници за англиски јазик ги додаде заменките „тие“ и „самите“ за небинарни лица.
„Merriam-Webster“ се одлучи да ги стави во речникот бидејќи се зголемува бројот на луѓе кои не се идентификуваат како машко или женско.
Како што пренесува „Метро“, за „тие“ додадено е дека „се употребува за лице чиј родов идентитет е небинарен“.
Овој речник дополнил 533 нови зборови со последното изменување, заедно со над 4.000 промени на дефиниции и слично.
Оваа одлука доаѓа откако британскиот пејач Сам Смит објави дека тие се небинарни.
– Денес е добар ден, па затоа одлучив да пишам. Одлучив да ја променам мојата заменка во „тие/нив“. По долги години во војна со мојот род, одлучив да се сакам себеси каков што сум, внатре и надвор. Многу сум среќен и привилегиран што сум опкружен со лица кои ме поддржуваат во оваа одлука, но бев нервозен да го соопштам бидејќи се грижам премногу за тоа што луѓето мислат – вели Смит.
ФОТО: EPA / DAN HIMBRECHTS