Директорот на магазинот и издавачката куќа „Конде Наст“, Николас Колериџ (62) открил непознат детаљ за тоа како врсниците сурово го провоцирале принцот Вилијам поради фотографиите на принцезата Дијана на која е топлес, кои биле објавени во далечната 1996 година.
Имено, за тоа Николас првпат проговорил во своите мемоари во кои раскажал сè за средбата со принцезата Дијана.
Таа во една прилика му се придружила на ручек, една недела по објавувањето на фотографиите, и открила дека тогаш четиринаесетгодишниот Вилијам видно вознемирен ѝ се јавил од училиште.
– Николас, дали може да те прашам нешто? Но, те молам биди искрен! Дали ја виде мојата фотографија во „Дејли мирор“, онаа топлес? Вилијам е многу вознемирен поради тоа, ми кажа дека некои деца го провоцирале, велејќи му дека моите гради се премали. Дали се мали, што мислиш ти? – наводно го прашала Дијана.
Како што вели, тој поцрвенел истата секунда и ја доживеал една од најнепријатните ситуации во својот живот, па ѝ одговорил дека нејзините гради се совршени и дека не треба да се грижи.
Инаку, интересно е тоа дека во слична ситуација се нашол принцот Влијам со својата сопруга Кејт Мидлтон, која папараците ја фотографирале топлес на одмор. Тогаш Вилијам барал 1,3 милиони фунти отштета од списанието „Closer“.
Вилијам по тој повод изјавил дека целата ситуација е грозна затоа што го потсетила на неговата покојна мајка која исто така ја фотографирале папараци, а токму тие предизвикале сообраќајна несреќа во која таа го изгубила својот живот додека ја следеле со автомобилот во обид да ја фотографираат во друштво на љубовникот Доди Ал-Фаед.