Тајчи со шокантна исповед: Бев сексуално злоставувана! ФОТО

На официјалната страница на својата програма на летување Тајчи открила и досега непознати, мошне шокантни детали од својот живот.

1396

Поп-ѕвездата на 90-тите години, Татјана Камерон Тајчи организирала луксузно крстосување на кое на клиентите им одржувала мотивациски говори и трансформативни предавања. Во текот на осумдневното крстосување по Јадран, клиентите ги посетувале хрватските градови, медитирале и уживале во далматинските деликатерси.

Но, на официјалната страница на својата програма на летување Тајчи открила и досега непознати, мошне шокантни детали од својот живот. Имено, пејачката тврди дека во малдоста била сексуално злоставувана.

„Како мајка на тројца синови и креативна претприемачка, секојдневно се справувам со многу стрес. Низ животот се справував и со некои навистина големи работи: ги изгубив сопругот и таткото поради ракот, со години се борев со депресијата и анксиозноста, како тинејџерка доживеав сексуално злоставување и се борев повторно да се засакам себеси и да си ја вратам самодовербата“, напишала Тајчи.

FOTO: Instagram/Printskrin

FOTO: Skrinsot/Jutjub

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...