Во „бомбите“ за „Монструм“ се слуша Јанакиески како зборува зoшто е убиен рибарот

2415

Со преслушување на снимени разговори, во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи новото рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, познато како предмет „Монструм“ на СЈО.

Во тек е преслушување на 25 разговори и 133.000 СМС пораки и други материјали. Првиот пуштен разговор во судницата е снимен на 13 април 2012 година.

Пред почетокот на преслушувањето, обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека разговорите се предадени онака како што ги добиле.

– Не смееме да ги раздвоиме. Како што ни се дадени од Зоран Заев, така ги предадовме, за да не биде дека нешто пропуштаме – истакна Фетаи, пренесе МИА.

Во еден од разговорите, јавува МКД.мк, ексминистерот Миле Јанакиевски, на соговорник кажува дека момчињата се убиени рафално и во глава им е пукано, дека биле мирни деца, а оти рибарот е убиен поради тоа што бил сведок.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да бидат изведени околу 3.900 разговори, кои беа предложени како дополнителни докази од СЈО.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...