Актерот дознал на најлош можен начин за разводот: Немал поим што се случува, а потоа му ја соопштиле суровата вистина! ФОТО

29-годишниот актер ова не го очекувал! Кога објавила фотографија на Инстаграм каде не го носи прстенот, почнале да се шират гласините дека брачната двојка се разделува.

1002
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Лиам Хемсворт за веста за разводот од сопругата Мајли Сајрус слушнал на најнепријатен можен начин – преку социјалните мрежи! Така барем тврди непознат извор кој им се обратил на странските медиуми.

„Така е најдобро“, пишува во изјавата која нивниот ПР ја упатил до медиумите, а во продолжение вели „ дека Лиам и Мајли се согласија дека би требало да се разделат, бидејќи како партнери и индивидуалци кои еволуираат и се менуваат, тоа е најдобро за да се фокусираат на нивните кариери и на самите себе.“

Се чини сепак, дека 29-годишниот актер ова не го очекувал! Кога објавила фотографија на Инстаграм каде не го носи прстенот, почнале да се шират гласините дека брачната двојка се разделува. Набрзо потоа порталите беа преплавени со фотографии на кои Мајли Сајрус се бакнува на одмор во Италија со Кетлин Картер, поранешната сопруга на Броди Џенер. Заедно отпатувале неколку дена откако е потврдено дека Картер и Џенер исто така се разделиле.

Лиам за разводот се огласи неколку дена подоцна.

„Само кратка напомена да кажам дека Мајли и јас неодамна се разделивме и не ѝ посакувам ништо друго освен здравје и среќа“, напиша тогаш актерот. Тој официјално поднел барање за развод од пејачката кон крајот на август после само осум месеци брак.

Од друга страна, Мајли јасно нагласи дека неверството не е причина за нивната разделба.

„Еднаш кога Лиам и јас се смиривме, навистина го мислев тоа и бев верна. Тука нема скриени тајни кои треба да се откриваат. Тоа го научив од искуството во животот. Не сум совршена, ниту сакам да бидам, здодевно е. Пораснав пред вас, но суштината е дека пораснав“, напишала таа.

– Можам да признаам многу работи, но одбивам да признаам дека мојот брак заврши поради неверство. Лиам и јас сме заедно една деценија. Тоа го кажав и претходно и ќе остане вистина, го сакам Лиам и секогаш ќе го сакам – објаснила Мајли.

ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

FOTO: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...